Нуњез: Пресреќен сум што станав член на Ливерпул

1 min read

Ливерпул денеска и официјално е посилен за еден од најдобрите напаѓачи, Дарвин Нуњез за кого го собори клупскиот рекорд. Ливерпул на Бенфика и плати 75 милиони евра плус дополнителни 25 милиони во лесно остварливи бонуси.

Нуњез кој со своите игри во португалскиот тим ја воодушеви фудбалска Европа, не го криеше воодушевувањето што во иднина ќе го носи дресот на англискиот гигант.

– Многу сум среќен што сум тука во Ливерпул. Ова е огромен клуб. Сум играл против Ливерпул и многу нивни натпревари сум следел во Лигата на шампионите. Тие имаат стил на игра кој го сакам и ми одговара. Тука има одлични играчи кои мислам дека ќе одговараат на мојот стил на игра. Ќе дадам сèе од себе со цел да му помогнам на Ливерпул да освојува трофеи – изјави Нуњез.

 

Новата ѕвезда на Ливерпул имала тешко детство: Ужинката во училиште често му била единствен оброк во денот

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Деспотовски: Во ЕУ има желба и намера да се крене бугарското вето

Следно

Што прават хороскопските знаци заедно на одмор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian