Навални е преместен во затвор со строг режим во Владимирската област

1 min read

Рускиот дисидент Алексеј Навални е префрлен во казнена колонија со високо обезбедување (ИЦ-6) во селото Мелехово, во Владимирска област, денеска за Тасс изјави претседателот на комисијата за јавен надзор, Сергеј Јажан.

Претходно адвокатите на Навални соопштија дека нивниот клиент бил префрлен од колонијата Покров, во Владимирска област, каде што престојуваше досега, на нова, непозната локација под строг режим, откако во сила стапи новата казна против него.

-Тој пристигна во ИЦ-6 и таму се наоѓа, рече Јазан, цитиран од Тасс. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Имер Селмани не е изненаден од кризата во Бугарија, вели дека ја предизвикала Русија

Следно

Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian