Наоми Кемпбел објави фотографии со својата ќерка: Нејзините први чекори

1 min read

Наоми Кемпбел на својот инстаграм-профил објави ретки фотографии со својата едногодишна ќерка. Светски познатиот модел откри дека нејзината ќерка ги направил првите чекори.

„Мојата љубов, отчукувањето на моето срце и нејзините први чекори“, напиша манекенката во описот на фотографиите на кои ја држи нејзината ќерка за рака.

Кемпбел не го покажува често своето дете. На почетокот на оваа година таа позираше со својата ќерка за британското издание на магазинот „Вог“. Таа по тој повод проговори за зачнувањето дете и мајчинството.

„Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаеја тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило“, изјави Наоми за „Вог“.

Имено, откако минатата година манекенката објави дека станала мајка, многумина беа изненадени. Таа претходно не навести дека чека бебе, ниту пак се знае дали е во врска. Се шпекулираше дека ќерката на Наоми е родена од сурогат мајка, но, славната манекенка тоа никогаш не го потврди ниту го откри идентитетот на нејзиниот татко.

Наоми Кемпбел доживеала непријатна случка на аеродромот во Софија: Причината е расизам?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Абазовиќ: „Отворен Балкан” откри рецепт за иднината

Следно

ВИДЕО | Д-р Ристеска: Да се приближуваме кон европските вредности и нивните стандарди, но адаптирани на условите кои ние ги имаме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian