Мбапе се обидел во последен момент да му го украде Чуамени на Реал

1 min read

Најновото засилување на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени им откри на медиумите дека ништо не можело да го спречи од остварувањето на сонот, да заигра за Реал Мадрид. Младиот фудбалер бил истраен да го оствари сонот, да поради тоа ги одбил обидите на Килијан Мбапе да го убеди да потпише за ПСЖ.

– Килијан остана во ПСЖ и знаеше дека го напуштам Монако, па сакаше да знае дали ќе дојдам во Париз. Му реков дека прва опција ми е Реал Мадрид и тој се помири со тоа – изјави Чуамени.

Младиот 22-годишен француски репрезентативец потпиша шестгодишен договор со Реал и откри со нетрпение ја чекал понудата од „кралскиот клуб“.

– Во моментот кога Реал се јави, му реков на мојот агент да го најде најдоброто решение и за мене и за Монако. Но, не се предомислував ниту една секунда бидејќи настапот за Реал е мојот сон. Сакам да оставам трага во фудбалот, а Реал е најдобиот клуб на светот и идеално место каде што можам да го направам тоа – рече Чуамени.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез истакна дека клубот и неговите навивачи секогаш сакаат повеќе и дека фокусот е веќе ствен на својувањето на 15-та европска титула.

– Имаме одличен тим, но знаеме дека ни претстои голем предизвик и мораме да донесеме играчи кои се талентирани и желни за победи, па затоа претставуваме играч кој ќе ни помогне да продолжиме да напредуваме – рече Перез.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија нема да отвори нов кластер поради невоведувањето санкции против Русија

Следно

ВИДЕО | Четири најдобри другарки бремени во исто време и тоа двапати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian