Имер Селмани не е изненаден од кризата во Бугарија, вели дека ја предизвикала Русија

1 min read

Политичкиот аналитичар и поранешен министер за здравство, Имер Селмани, вечерва во „Клик плус“ на ТВ21 рече дека не е изненаден од она што се случува на политичката сцена во Бугарија и дека кризата е создадена под влијание на други сили.

„Не само што одредени центри на моќ со руско или проруско влијание се против интеграција на регионот во НАТО, туку и во сите јавни анкети, за жал еден добар дел од населението ги одобруваат негаторските политики на бугарските влади. Едноставно се фаворизираат националистичките партии со националистички ставови, коишто не даваат простор за решавање на спорот. Никој од нас не го сфаќа и не го разбира тој спор. Спорот со Грција беше името на државата, географската одредница, античката историја и знаевме и живеевме додека не го решивме со саможртвување и со Преспанскиот договор“, вели Селмани.

„Со Бугарија имате стотици разни барања, коишто се прошируваат и наградуваат. Затоа не би поставил високи очекувања. Ние реформите, стандардот, со нашето менување, не ги правиме за Бугарија, туку за себе, рече Селмани во емисијата „Клик плус“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Самојед си ужива со сопственикот на параглајдер

Следно

Навални е преместен во затвор со строг режим во Владимирската област

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian