Иконому: Гледаме едногласна осуда на турската провокација на сите нивоа

2 mins read

Гледаме прифаќање на грчките позиции и едногласна осуда на турската провокација на сите нивоа, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на ставот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, јави дописничката на МИА од Атина.

Столтенберг во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, говореше за разлики меѓу Грција и Турција и повика на нивно решавање.

Одговарајќи на новинарско прашање дека не постоела осуда на турските провокации, Иконому рече дека ставот и на НАТО и на генералниот секретар е веќе познат.

„Познат е ставот на НАТО по овие прашања и конкретно на генералниот секретар. Грчката влада, за своите позиции, секогаш ги информира сојузниците, партнерите, меѓународната заедница. Гледаме едногласна осуда на турската провокација на сите нивоа, од Стејт департментот, Европскиот парламент, Европската комисија, францускиот претседател, германскиот канцелар, сојузниците и партнерите. Гледаме прифаќање на грчките позиции“, рече Иконому и истакна дека прифаќањето е „токму затоа што грчките позиции се засноваат на меѓународното право и меѓународните договори“.

За односите со Турција, портпаролот на грчката Влада рече дека Грција ги почитува меѓународното право и меѓународните договори и истото го бара и од соседите, но и од меѓународната заедница.

„Грција не сака да се вклучи во вербални конфронтации со Турција, кои се контрапродуктивни и надвор од правото на современата западна цивилизација. Постојано ги информираме меѓународните организации, нашите сојузници и меѓународната заедница за турската агресија, секаде наоѓајќи цврсто разбирање и поддршка“, истакна Иконому.

Извор: МИА

Иконому: Грција ќе се потруди до 2033 година Западен Балкан да биде дел од ЕУ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Копачите на КРИПТОВАЛУТИ во паника откако денес се случи ова!

Следно

Немања Матиќ повторно ќе работи со Мурињо, потпиша за Рома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian