Деспотовски: Во ЕУ има желба и намера да се крене бугарското вето

1 min read

Директорот на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски, смета дека мораме да продолжиме по својот пат што го имаме зацртано, доколку не добиеме датум за преговори со ЕУ во јуни и одржување на Првата меѓувладина конференција.

-Ова што се случува во Бугарија треба да го следиме, но не треба премногу да го анализираме. Очигледно е желбата на ЕУ да го испорача она што го има ветено. Францускиот претседател е доста ангажиран на план на надворешната политика. Дали се работи дека чувствува некаква обврска заради ставот на Франција во однос на проширувањето во 2019 година не знам, ниту би навлегувал во тоа. Мене ме интересира што ќе се случи сега. Има желба и намера во врвот на ЕУ. Ајде да видиме што ќе се случи. Очигледен е притисокот врз Бугарија и нема зошто да биде поинаку. Ние нашата задача си ја завршивме чесно. Јас сум многу внимателен оптимист во однос на ветото, рече Деспотовски во емисијата „24 анализа“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Четири најдобри другарки бремени во исто време и тоа двапати

Следно

 Нуњез: Пресреќен сум што станав член на Ливерпул

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian