Чарли Шин ја обвини поранешната сопруга, нивната ќерка е на „OnlyFans“: Не го одобрувам тоа!

2 mins read

Чарли Шин ја обвинува својата поранешна сопруга Дениз Ричардс за тоа што нивната најстара ќерка Семи Шин се приклучила на страницата за возрасни, „OnlyFans“.

„Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Тоа немаше да се случи под мојот покрив“, изјави Шин за „Page Six“. „Не го одобрувам ова, но бидејќи не можам да го спречам истото, ја замолив да остане елегантна, креативна и да не го жртвува својот интегритет“, додаде тој.

Семи која наполни 18 години во март, го најави својот нов деловен потфат на нејзиниот инстаграм-профил со фотографија во костим за капење, поканувајќи ги нејзините следбеници да кликнат на линкот во нејзината биографија ако сакаат да видат повеќе.

Семи им вети на своите следбеници дека на нејзиниот профил на „OnlyFans“ ќе објавува нови содржини 2-3 пати неделно.

За сè проговори и нејзината мајка Дениз Ричардс

„Семи има 18 години и оваа одлука не се заснова на тоа во чија куќа живее. Сè што можам да направам како родител е да се водам и да верувам на нејзиното расудување, но тоа е нејзин сопствен избор“, изјави 51-годишната актерка.

Во септември 2021 година, Семи се најде на насловните страници откако објави видео на „ТикТок“ во кое тврдеше дека била „заробена во насилно опкружување“ додека живеела со нејзината мајка.

„Има одредени правила и јас ги спроведувам. Кај Чарли има поразлични правила и тоа е во ред“, изјави Дениз во тоа време.

Мајката и ќерката се чини дека оттогаш ги подобриле односите, имајќи предвид дека Семи од февруари оваа година повторно живее со својата мајка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Манчестер сити планира да заработи 200 милиони фунти од продажба на фудбалери

Следно

Протест на граѓани од Карпош-им ги срушиле куќите за да градат зграда но веќе седум години живеат под кирија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian