Бритни не ја поканила мајка си на венчавката: Лин Спирс се огласи на „Инстаграм“

1 min read

Пејачката Бритни Спирс минатата недела се омажи за долгогодишното момче Сем Асгари, а на нејзината венчавка не присуствуваа нејзините најблиски членови на семејството.

Како што претходно објавија странските медиуми, Бритни на свадбената прослава не ги поканила ниту своите родители, ниту сестра ѝ, а нејзиниот брат не дошол и покрај поканата.

Мајката на Бритни Спирс, сепак, се огласи на „Инстаграм“ по венчавката. Таа коментираше на една од објавите на ѕвездата.

„Изгледаш блескаво и среќно. Твојата венчавка е венчавка од соништата. Тоа што ја прослави во твојот дом ја прави толку сентиментална и посебна. Многу сум среќна за тебе. Те сакам“, напиша Лин Спирс во коментарите под една од објавите.

Иако блиските членови на нејзиното семејство не присуствуваа на венчавката, присуствуваа сестрите на Сем.

Меѓу гостите беа и дел од познатите личности како Мадона, Дру Баримор, Селена Гомез, Парис Хилтон и Донатела Версаче. На свадбата не присуствуваа синовите на пејачката Шон Престон и Џејден Џејмс.

Повеќе написи на темата:

Бритни Спирс денеска се мажи во „строга тајност“: Сите детали од интимната церемонија

 

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

 

ФОТО | Бритни Спирс се омажи по третпат: На гламурозната венчавка беа Мадона, Донатела Версаче, Селена Гомез…

 

ФОТО | Историјата се повторува: Мадона и Бритни Спирс се бакнаа на нејзината венчавка

 

ВИДЕО | Бритни Спирс го прослави бракот со танц во дијамантска танга

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иконому: Грција ќе се потруди до 2033 година Западен Балкан да биде дел од ЕУ

Следно

Копачите на КРИПТОВАЛУТИ во паника откако денес се случи ова!

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian