Беџет Пацоли во анкетниот лист пријавил имот од 743 милиони евра

1 min read

Познатиот косовски бизнисмен и политичар, Беџет Пацоли, во анкетниот лист пријавил богатство од околу 743 милиони евра, пренесуваат косовските медиуми.

Тој пријавил недвижен имот во вредност од 210 милиони евра, вклучувајќи куќи, земјиште и хотели. Само една негова куќа чини речиси 18 милиони евра. Тој го проценува неговиот хотел „Swiss Diamond“ на 42 милиони евра.

Пацоли пријавил и авион за кој вели дека чини осум милиони евра, како и осум возила. Вкупната вредност на неговиот движен имот е околу осум и пол милиони евра, пишува во анкетниот лист.

Лидерот на партијата Алијанса за ново Косово пријавил и многу акции во комерцијални компании, чијашто вредност е вртоглави 506 милиони евра.

Само во групацијата „Мабатекс“, Пацоли поседува акции вредни 200 милиони евра, за кои пријавил заедничка сопственост.

Бизнисменот во банките има околу десет милиони евра, како и заем од 287.971 евра кои, како што вели, ги зел за приватна инвестиција. Рокот за враќање на долгот е 2025 година. Неговите годишни приходи, како што тврди Пацоли во анкетниот лист, изнесуваат четири милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дибала ќе му зарие нож во грб на Јувентус, се договори со Интер

Следно

Денес се празнува: Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian