Авторката на „Како да го убиеш сопругот“ осудена на доживотен затвор за убиство на својот сопруг

3 mins read

Самообјавената писателка на љубовни романи, која своевремено напиша онлајн есеј со наслов „Како да го убиеш сопругот“, завчера беше осудена на доживотен затвор поради убиството на својот сопруг на неговото работно место во Портланд пред четири години.

Ненси Кремптон-Брофи (71) беше осудена за убиство од втор степен на 25 мај по седумнеделно судење. Нејзината казна вклучува можност за условно ослободување по 25 години, извести завчера КГВ-ТВ.

Обвинителите рекоа дека Ненси смртно го застрелала Даниел Брофи (63) во сега затворениот кулинарски институт во Орегон каде што работел во 2018 година, бидејќи сакала да добие финансиска корист од неговата исплата на животното осигурување.  Според судските документи, таа требало да добие 1,5 милиони долари од смртта на нејзиниот сопруг.

Кларинда Перез е студентка која го пронашла мртвиот Даниел на подот во кујната во Кулинарскиот институт во Орегон. Тој имaл две дупки од куршум во пределот на градниот кош во близина на срцето. Таа ја нарeкла неговата сопруга „ладнокрвен убиец“.

Во текот на судењето, кое започна во април, цимерката од ќелијата на Ненси, Андреа Џејкобс, сведочела дека Ненси детално ѝ го раскажала кобниот 2 јуни 2018 година, денот кога Ненси го убила својот сопруг. Полициската истрага утврдила дека Ненси првиот пат го застрелала Даниел одзади, а вториот пат го застрелала додека тој лежел на подот.

Фото: Профимедиа

Случајот го привлече националното внимание поради есејот којшто Ненси го напиша години порано, но делото не беше земено предвид како доказ на судењето.

Обвинителството им рекло на поротниците дека парот се соочувал со финансиски тешкотии во моментот на убиството и тврди дека таа истражувала и купила комплет „пиштоли духови“, а потоа купила пиштол Глок 17 на изложбата на оружје.

Адвокатот на обвинетата тврдел дека доказите на државата се индиректни, ги оспорувал тврдењата за финансиски проблеми и донел сведоци кои сведочеле за силната и љубовна врска на двојката. Ненси рекла дека таа и нејзиниот сопруг купиле полиси за животно осигурување како дел од својот план за пензионирање и дека се обидувале да го намалат долгот. Таа исто така рекла дека нејзиното истражување за оружје е всушност подготовка за иден роман.

Жената која го напишала есејот „Како да го убиеш својот сопруг“ е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг

Авторката на есејот „Како да го убиеш својот сопруг“ е осудена за убиство на својот сопруг

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грчкиот туризам се соочува со нов проблем: Забележани опасни медузи во морињата

Следно

Арсовска: Градот Скопје е прва единица на локалната самоуправа со проект за рециклирање и реупотреба на градежен отпад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian