Атлетичарите Ивановски, Стојоски, Трајковски, Поп Арсова со жетва медали

3 mins read

Позитивниот тренд во кралицата на спортовите во Македонија беше продолжен и потврден минатиот викенд. Веќе некое време во нашата атлетика се забележува резултатски подем

Македонските атлетичари Дарио Ивановски, Јован Стојоски, Андрес Трајковски и Адријана Поп Арсова, претходниот викенд забележаа одлични меѓународни резултати. На Европското првенство за мали земји што се одржа во Малта, Ивановски и Стојоски изборија подиум.

Ивановски на Малта настапи на трката на 5.000 метри и патеката ја мина за 14:08,99 минути, што му донесе убедливо прво место пред Максим Илеану од Молдавија (14:24,72) и Дилон Касар од Малта (14:45,13). Ова е продолжување на одличната сезона за Ивановски. Во серијата одлични резултати минатиот месец во Тирана тој стана балкански првак во полумаратон со нов рекорд, 1:04,55 час. Претходно на Балканско првенство во Истанбул (Турција) во сала, на 3.000 метри забележа рекордно време од 7:58,48 минути…

Стојоски на Малта во трката на 100 метри, го освои второто место со време 10,69 секунди, заостануваше 0,010 зад победникот Колбејн Ходур Гунарсон од Исланд, додека трка на 400 метри ја заврши трет, со време 47,47 секунди, зад победникот Франко Бурај од Албанија (46,48 секунди) и Тео Андант од Монако (46,91 секунди).

Стојоски претходно во февруари во Будимпешта го подобри националниот рекорд на 400 метри во сала на Исмаил Мачев (47,18 секунди), стар 35 година (47,49 секунди)…

Во Копенхаген минатиот викенд, Трајковски постави нов македонски рекорд на 100 метри со време од 10 секунди и 50 стотинки и го освои третото место на атлетскиот митинг. Досегашниот рекорд беше на Јован Стојоски со време 10,59 секунди. Трајковски е роден во Данска, има македонско потекло. Тој настапува за Македонија веќе некое време, а во мај на митинг во Лимасол (Кипар) постави нов македонски рекорд во скок во далечина на отворено, со прескокнати 7,41 метри. Претходниот македонски рекорд во оваа дисциплина изнесуваше 7,15 метри.

Поп Арсова минатиот викенд освои балканска бронза во Карловац, Хрватска. На балканските трки, оваа сезона првпат се одржуваат трки на десет километри на пат, а на својот дебитантски настап на ваков натпревар, Македонката дојде до успех. Поп Арсова се пласираше на третото место и се закити со бронзата (35:08). Поп Арсова постави нов државен рекорд во трката на 10.000 метри на атплетска патека, на Купот на Македонија, во април, во Скопје, со време 35:00,30 минути, подобрувајќи го претходниот рекорд, исто така, во нејзина сопственост.

 

Адријана Поп Арсова обезбеди настап на Светското првенство во, Јуџин, Орегон, САД кое ќе се одржи од 15-24 јули, јавуваат од Атлетската федерација на Македонија. Според критериумот на АФМ во периодот од 28 јуни 2021 до 13 јуни 2022 Адријана постигна најдобар резултат од сите атлетичари и со тоа обезбеди настап во најдолгата дисциплина – маратон која ќе се одржи на 18 јули. Од АФМ се надевата дека Поп Арсова

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Се залагам за територијалниот интегритет на Србија како Западот за интегритетот на Украина

Следно

Шпанските медиуми: Жерар Пике има нова девојка, ги запознал негов соиграч

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian