Ако имате 50 години, експертите ве советуваат повеќе да не ги земате овие додатоци

3 mins read

За здраво стареење важно е да се внесуваат различни хранливи материи, но некои додатоци (суплементи) не се толку ефикасни како храната кога станува збор за доволен внес на витамини и минерали, а некои може да бидат и опасни. Храната пред сè, е мото на нутриционистката Рејчел Берман, која смета дека намирниците од природата се секогаш побогати со минерали отколку суплементите.

Овие пет суплементи не би требало да ги користите по 50-тата година од животот:

1. Фолна киселина

Една студија покажа дека премногу фолна киселина може да предизвика проблеми поврзани со витаминот Б12, односно неговиот недостиг во телото што може да резултира со проблеми како што се анемија и невролошки оштетувања.

– Постои загриженост дека некои луѓе можеби земаат премногу фолна киселина од различни извори, а сакавме да утврдиме дали постои причина за оваа загриженост. Резултатите покажуваат дека повисоките нивоа на фолна киселина може да доведат до нерамнотежа на метаболизмот што доведува до сериозни дефицит на витамин Б12. Не треба да бидете загрижени поради консумирање на суплементот, но постои загриженост ако се користи во прекумерни количини – наведува д-р Ралф Грин, професор по патологија.

2. Ризични хормонски терапии

Хормонските терапии како оние за хормонот за раст (HGH) може да бидат опасни, предупредуваат експертите.

– Лудо е што некои мислат дека можат да ги препишат овие токсични хормони, а студиите покажуваат дека зголемувањето на нивото на овој хормон доведува до зголемена опастност од срцеви заболувања, дијабетес, но и од рак – предупредува д-р Томас Перлс, професор по медицина.

3. Додатоци кои го стопираат стареењето

Ваквите производи не се покажаа како ефикасни, предупредуваат експертите, а многу од нив не се регулирани од страна на агенциите за храна и лекови.

– Многу лекари и самите ги продаваат своите производи против стареење често по високи цени – наведува д-р Перлс.

„Не знаеме што можеме да направиме, но тие можат да бидат штетни“, рекол д-р Винифред Роси, директор на Националниот институт за стареење.

4. Витамин Е

Витаминот Е често се наоѓа во додатоците за здравјето на мозокот, но премногу од него може да биде опасно.

– Високите дози на витамин Е во суплементот се поврзани со зголемен ризик од смрт – вели нутриционистката Максин Смит, кој предлага овој витамин да го земате преку храната; јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми), зелен лиснат зеленчук.

5. Суплементи за сексуално здравје

Производи кои се продаваат без лекарски рецепт треба да се избегнуваат, предупредуваат експертите.

– Производите кои ветуваат поуспешен сексуален живот се промовираат веќе еден век, а на самиот почеток на продажбата се рекламираа без никакви докази за добро делување. Некои производители ќе тврдат дека имаат научни докази за својот производ, а јас ве советувам кога ќе видите таква ознака – бидете внимателни, бидејќи овие тврдења често се лажни – наведува д-р В. Стивен Прај.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Голден Стејт дојде на победа од титулата во НБА лигата

Следно

Владата ќе ја одржи редовната 52-ра седница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian