Време е за лидерство и потврдување на нашата европска перспектива, порача Маричиќ од Брисел

4 mins read

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој е во официјална посета на Брисел, денеска оствари средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, со в.д. директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела а ќе разговара и со Симон Морду, главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Мишел.

Во на средбите со своите соговорници, како што соопшти СЕП, тој рече дека лидерите на ЕУ мора да го искористат овој историски момент и да одговорат на актуелната криза со официјализирање на европската перспектива на регионот.

– Вистинско време, што мора да го искористиме за старт на преговорите на Унијата со Северна Македонија и Албанија. Секој отпор и воздржаност на ЕУ кон Западен Балкан дополнително ќе ја намалува атрактивноста на Унијата и ќе го поткопува нејзиниот кредибилитет во регионот. Наша стратешка определба е членство во Европската Унија и би било добро годинава да се дефинира политиката на проширување, во насока на кредибилно партнерство и со поголема посветеност кон кандидатите и потенцијалните кандидати, посочи Маричиќ на средбата со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино.

Санино потврди дека Европската служба за надворешни работи ја цени нашата проевропска ориентација, а нашата земја, како и целиот регион, е стратешки партнер на Унијата.

На средбата со Симон Морду, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Мишел, вицепремиерот ја потенцираше важноста за натамошен поинтензивен ангажман и посветеност на ЕУ во овој момент на Западен Балкан, со што ќе се потврди стратешко партнерство на Северна Македонија со Унијата и општо стабилноста на овој регион за Европа.

Маричиќ низ отворен и конструктивен разговор со в.д. директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Матуела, направи преглед на постигнатиот напредок на европската агенда, потенцирајќи го интензивното работење на Владата за исполнување на задачите и критериумите за почеток на преговорите, со посебна посветеност на европската реформска агенда, што е нотираат во сите меѓународни извештаи.

– Западен Балкан не само географски туку, и вредносно припаѓа на ЕУ и сите земји од регионот треба да станат членки на Унијата кога ќе ги исполнат условите за тоа. Ние одамна ги имаме исполнето и време е лидерите на ЕУ да покажат лидерство и да ја потврдат посветеноста на Унијата на Западен Балкан и неговата европска перспектива. Почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе биде успех за целиот регион, рече Маричиќ на средбата со Матуела.

На средбите беа поздравени напорите на нашата земја за спроведување на реформите и целосното усогласување на надворешната политика со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека нема промена во надворешнополитичкиот курс на ЕУ и дека Северна Македонија е перципирана како полноправна членка на европското семејство.

Вицепремиерот утре агендата во Брисел ќе ја започне со брифинг на Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), на кој ќе информира за напредокот на земјата во реформите во насока на подготовка на земјата за почеток на преговорите за членство со ЕУ, по што ќе следи средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со координаторот на ЕК за Северна Македонија, Марк Јорна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Била со тенисерот пред Јелена: Поранешната на Новак Ѓоковиќ позира со светска фаца

Следно

Турското вето за проширување на НАТО беше изненадување, рече Столтенберг за „Фајненшл тајмс“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian