Во напад на екстремистите во Буркина Фасо убиени 100 цивили

1 min read

Најмалку 100 цивили се убиени за време на викендот во руралниот дел на северот на Буркина Фасо, потврдија денеска локални безбедносни извори, пренесуваат британските медиуми.

Вооружениот напад се случил во пограничните области кон Нигер, каде се побунети екстремисти поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.

Бројот на загинатите не е официјално објавен, а според некои извори загинале 165 цивили.

Претходно денеска Обединетите нации го осудија нападот и ги повикаа властите да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Димовски: И да добиеме датум за преговори со ЕУ, тоа нема да ги реши внатрешните проблеми

Следно

Македонските екипи ги дознаа можните противници на стартот од квалификациите за европските купови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian