ВИДЕО | Со 30-часовна презентација на бизнис идеи се сруши Гинисов рекорд

2 mins read

Група од млади бизнисмени и претприемачи го срушија Гинисовиот рекорд во најдолга презентација пред инвеститори. Презентацијата траеше 30 часа без прекин, а секоја од најдобрите пет бизнис идеи доби финансиска помош од 25 илјади евра.

Сања Митровска од Нетворкер, која беше и организатор на настанот, денеска во Утрински брифинг рече дека очекувањата се бизнисите да станат глобални и профитабилни.

– Се претставија околу 60 стартапи, односно луѓе кои ја презентираа својата идеја. Жири комисијата не смееше да ја напушти просторијата во текот на 30-часовната презентација. Изборот на победници беше со оценување, односно секој инвеститор имаше право да одлучи во која бизнис идеја ќе инвестира. Покрај петте победници, мора да нагласам дека уште пет други ги исполнија критериумите за инвестирање, рече Митровска.

Таа вели дека рушењето на Гинисовиот рекорд со интелект, е всушност нов начин на инвестирање.

– За првпат се вложува во многу рана фаза на идеи кога средствата се најмногу потребни, а од друга страна досега пропуштавме идеи или стартапи кои веќе добиле средства од странство, имаат ИТ знаење и поради тоа нашите македонски инвеститори не се повеќе интересни за нив. Победниците во бизнис идеи се поврзани со крипто валути, со видео игри и изнајмување на играчи од цел свет, идеја поврзана со адвокатски совети и брокерски услуги. Од овие бизнис идеи го очекуваме првиот македонски „Јуникорн“ односно првиот македонски бизнис кој ќе вреди повеќе од милијарда долари, додаде таа.

Сања вели дека освен виртуелните бизниси, имало бизнис идеја и за пиво и за органска храна од лешник, но за нивна реализација било потребно поголемо вложување на финансиски средства.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голем неделен хороскоп (13-19 јуни): Рибите со одлични резултати на работа, Раковите ќе бидат таинствени

Следно

Нинисто: Финска нема да влезе во НАТО без Шведска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian