ВИДЕО | Објавен е првиот тизер за втората сезона на „Squid Game“ и детали од претстојната сезона

1 min read

Официјално: „Squid Game“ ќе се врати со втора сезона. „Нетфликс“ ја потврди веста во неделата и притоа понуди детали за тоа што ќе следи во хит корејската дистописка драма.

„Squid Game“ стана најгледаната серија на стриминг платформата кога беше објавена во септември. Таа ја раскажува приказната за натпреварувачи без пари, кои играат игри од детството за шансата да освојат огромна сума пари кои ќе им го променат животот.

Во неделата, писателот и режисер Хванг Донг-Хјук сподели неколку детали за втората сезона на серијата.

Ликовите Сеонг Ги-хан и човекот со црна маска познат како Front Man ќе се вратат, рече тој, и „човекот во костум што регрутира“, повикувајќи се на мистериозниот лик кој го игра актерот Гонг Јо.

„Ќе се запознаете и со момчето на Јанг Хи, Чеол-су“, додаде тој. Јанг Хи е аниматронска кукла со чувствителност на движење, која се појави во една од игрите „Red Light, Green Light“ и брзо стана симбол за шоуто.

Нетфликс не соопшти кога ќе биде објавена новата сезона, но Хванг претходно процени дека би можела да пристигне во 2023 или 2024 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските екипи ги дознаа можните противници на стартот од квалификациите за европските купови

Следно

Лазаров: Малициозен е oбидот на ВМРО-ДПМНЕ да ни го нарушува угледот, кој се огрешил пред законот нека си одговара

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian