ВИДЕО | Бритни Спирс го прослави бракот со танц во дијамантска танга

1 min read

Бритни Спирс, која се венча на 9 јуни со долгогодишното момче Сем Асгари, во саботата преку нејзиниот инстаграм-профил откри дека ја носела својата „прва дијамантска танга“ за време на приемот.

Бритни им ја откри тајната на обожавателите кога сподели видео на кое танцува во црн блејзер од модната куќа „Версаче“, кој не остава простор за фантазија.

„Живеењето е давање… Пссс, не грижете се, ја носев мојата прва дијамантска танга под јакната… се надевам дека не навредив никого!“, напиша таа на снимката од младенците како танцуваат за време на свадбениот прием.

Во прилог на блејзерот, модната куќа Версаче ѝ обезбедила на 40-годишната Спирс уште два аутфити за забавата, додека 28-годишниот Асгари носел маица на која пишува „Бритни и Сем“ за приемот и не можел да ја избрише насмевката од лицето цела ноќ.

ФОТО | Историјата се повторува: Мадона и Бритни Спирс се бакнаа на нејзината венчавка

Бритни облече прекрасна венчанива од познатата модна куќа „Версаче“, а до олтарот прошета со звуците на легендарниот хит на Елвис Присли „Can’t Help Falling in Love“, пишуваат странските медиуми.

ФОТО | Бритни Спирс се омажи по третпат: На гламурозната венчавка беа Мадона, Донатела Версаче, Селена Гомез…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гави конечно доби понуда каква што посакува за да остане во Барселона

Следно

Димовски: И да добиеме датум за преговори со ЕУ, тоа нема да ги реши внатрешните проблеми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian