Убава вест: Пабло Ласо повторно го тренира Реал Мадрид

1 min read

Само девет дена откако доживеа срцев удар, Пабло Ласо се врати на кошаркарскиот терен, тој присуствуваше на денешниот тренинг на Реал Мадрид. Сепак, Ласо нема да ја води екипата во првиот натпревар во финалето на шпанскиот плеј-оф против Барселона.

– Ви благодарам за илјадниците пораки што ми ги испративте. Невозможно е да се одговори на сите, затоа ви испраќам милион благодарници. Добар сум, веќе сум на тренинзи, но нема да бидам во Барселона со екипата – напиша Ласо на својот профил на Твитер.

 

Екипата на Реал Мадрид во првиот натпревар против Барселона ќе ја води неговиот помошник Хесус Матео кој ја водеше екипата и во третиот натпревар од полуфиналето против Басконија.

– Се уште не знам дали ќе ја водам екипата за време на целата финална серија – изјави Матео.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Израел ги повика своите граѓани да ја напуштат Турција поради опасност од ирански напади

Следно

ФОТО | Сите очи вперени во неа: Шерон Стоун на црвениот тепих во поинакво модно издание

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian