Турското вето за проширување на НАТО беше изненадување, рече Столтенберг за „Фајненшл тајмс“

1 min read

Ветувајќи им брз влез на Финска и на Шведска во НАТО, северноатлантската Алијанса не очекуваше жестоко противење на Турција, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за „Фајненшл тајмс“.

„Немавме причини да веруваме дека ќе има било какви проблеми по тоа прашање“, истакна Столтенберг.

Истовремено, додаде тој, загриженоста на Анката не е нешто ново, пренесува агенцијата РИА Новости.

„Турција е важен сојузник и кога сојузник ќе укаже на безбедносна загриженост, треба да посветиме вниманике на тоа“, порача Столтенберг.

Шведска и Финска на 18 мај поднесоа официјални барања за влез во Алијансата, но Турција го блокираше процесот на разгледување на кандидатурите на двете скандинавски земји.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објасни дека ставил вето поради односот на Хелсинки и Стокхолм со Работничката партија на Курдистан која е забранета во Турција.

kurir.mk

Претходно

Време е за лидерство и потврдување на нашата европска перспектива, порача Маричиќ од Брисел

Следно

Џаферовиќ: Документот од Брисел е добар, кризата треба да заврши

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian