Трансферот на Нуњез ќе предизвика домино ефект

1 min read

Уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњез од денеска и официјално е нов фудбалер на Ливерпул и се очекува овој трансфер да предизвика домино ефект во најголемите фудбалски екипи.

Доаѓањето на Нуњез на „Енфилд“ дефинитивно значи дека Садио Мане ќе си замине, а неделава се очекува последната понуда од Баерн Минхен која треба да изнесува околу 40 милиони евра. Англиските медиуми очекуваат трансферот да се реализира во наредните денови и Мане да се пресели во Минхен каде би дошол на местото на Роберт Левандовски.

Токму Левандовски е следниот напаѓач кој треба да направи трансфер. Полјакот јавно рече дека сака да си оди од Баерн и веќе ги договори личните услови со Барселона, тригодишен договор и плата од девет милиони евра. Се очекува трансферот да се реализира до крајот на месецов, откако Барселона „ќе ги испегла“ финансиите.

Со доаѓањето на Левандовски на „Камп Ноу“, извесно е дека ќе има продажба на некој од напаѓачите на Барселона. Прв на листата за отстрел е Мемфис Депај за кого интерес пројавуваат неколку италијански екипи, а Барселона бара 30 милиони евра отштета.

Се очекува да си замине и Осман Дембеле кој е слободен играч и најверојатно ќе прифати да се пресели во Премиер лигата каде може да заработи двојно повеќе од тоа што му го нуди каталонскиот тим за да остане на „Камп Ноу“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Седум пратеници му вртат грб на шоуменот: Трифонов вечерва на средба со своите народни избраници

Следно

ФОТО | Кој го плаќа? Амбер Херд нема ниту цент, а лета со приватен авион!

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian