„Слободен печат“: Црковното признавање внесе малку световен оптимизам

3 mins read

Утрешниот весник „Слободен печат“, меѓу другото, донесува:

Хроника

Веста од Истанбул пречекана со радост во Македонија: Црковното признавање внесе малку световен оптимизам

„Денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја. Денеска aрхиепископот г. г. Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј и архијереите на Вселенската патријаршија“ – вели претседателот Стево Пендаровски.

 

Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ надградена со уцена: Или предвремени избори или нема нов Изборен законик

Прво датум за избори, па работна група за нов Изборен законик. Изборниот законик се носи со консензус, се надевам дека нема да кројат нови изборни правила без најголемата опозициска партија, вели за „Слободен печат“ Никола Мицевски, шеф на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Промени на бугарската политичка сцена: Седум пратеници му заминуваат на Трифонов?

 

Економија

Трајан Димковски, државен советник во Министерството за земјоделство: За увоз на пченица се даваат 15 милиони евра годишно, а за чоколадо 42 милиона

– Увозот на пченица се намалува, а се очекува да се зголеми интересот за негово садење

 

Скопје

Надлежните најавуваат решавање на проблемот: Наезда од мушички во Скопје, граѓаните бараат спас

-Службите од Градот Скопје се обратија со допис до Центарот за јавно здравје, по кој е договорено да се спроведат третмани со вонредно прскање, оросување и замаглување по кејот на Вардар и низ градските паркови против мушички – информираат од Градот.

 

Свет

Во водите околу Кипар се пронајдени големи резерви гас: Деценискиот грчко-турски конфликт го држи кипарскиот гас подалеку од Европа

Земјите од Европската Унија бараат начини како се ослободат од рускиот гас, но Анкара и Атина не можат да се договорат за започнување експлоатација на нафтените ресурси во водите на поделениот остров

 

Спорт

Фудбал, Лига на нациите: Колку скапо ќе нѐ чини поразот од Грузија?

– Јунскиот циклус од четири меча Македонија го заврши на второто место на табелата и со минимални шанси во септември на крајот на групната фаза да биде првопласирана. Поразот од Грузија во Скопје беше сериозен удар за „рисовите“, а конечниот расплет следува во последните две кола во септември во кои играме со Грузија и со Бугарија

 

Еспресо

Експертите го вклучија алармот: Ковид и мајмунските сипаници се само почеток?

– Експертите го вклучија алармот: Силен раст на болести преносливи од животни на човек, нови епидемии на повидок.

 

Интервју со пејачката Ружица Милошеска-Брчиоска: Храната за мене претставува гориво за одржување и функционирање на моето тело

– Во текот на мојот живот на- учив да бидам одмерена во исхраната, да не претерувам со ништо и сметам дека тоа е важно, како за константно одржување на телесната тежина, така и за здравјето, вели познатата пејачка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Секој си го доби тоа што го заслужи: Вилијам и Кејт се селат во Виндзор, принцот Ендру „протеран“, Меган и Хари 15 минути средба

Следно

Шефот на НАТО: Шведска презеде важни чекори за исполнување на барањата на Турција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian