„Шпигел“ за посетата на Шолц на Балканот: Најсветлата точка – воениот оркестар во Скопје!

2 mins read

И други присутни германски дипломати, политичари и новинари на официјалниот пречек на Шолц пред седиштето на Македонската влада во Скопје биле воодушевени од протоколарното поздравно свирење на државните химни на Германија и Северна Македонија

Текстот на германскиот „Шпигел“, насловен како „Германец со надеж во багажот“, посветен на тукушто завршената продолжена викенд-турнеја на германскиот канцелар Олаф Шолц во пет градови на Балканот, започнува со констатацијата на новинарката Мелани Аман, еден од репортерите во бројната новинарска екипа што го придружуваше канцеларот на балканската турнеја, дека најсветлата точка на целото патување била – извонредната изведба на националната химна на Германија од страна на воениот оркестар во Скопје!

„И победникот е… Воениот оркестар во Северна Македонија. На ниту една друга станица од патувањето на канцеларот Олаф Шолц на Западен Балкан, германската национална химна не звучеше толку силно и заносно како во Скопје“, пишува Аман.

И други присутни германски дипломати, политичари и новинари на официјалниот пречек на Шолц пред седиштето на Македонската влада во Скопје биле воодушевени од протоколарното поздравно свирење на државните химни на Германија и Северна Македонија пред почетокот на разговорите помеѓу германскиот канцелар Шолц и неговиот македонски колега Ковачевски.

Олаф Шолц
Олаф Шолц во Скопје / 11 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/Georgi Likovski

„Два дена, пет држави (не сите меѓународно признати), четири претседателски палати со постсоцијалистички сјај, пет прес-конференции со делумно непослушна микрофон-технологија („Тест. Тест. Тест. ТЕЕЕСТ!“), пет колони со лимузини, трепкачки светла, минибуси, блокади на патиштата, долг сообраќаен метеж за локалното население – и драматични воени почести вклучително и свирење химна. Сојузниот канцелар ја исполни густата програма“ – оценува шеговито „Шпигел“.

Оние кои ја паметат и посетата на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел на Скопје во септември 2018 година велат дека и тогаш свирењето на германската химна од страна на Воениот оркестар на АРМ предизвикала возбуда и воодушевување кај гостите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Јелена Карлеуша во смело модно издание: Фановите пишуваат дека изгледа како лустер

Следно

Макрон: Франција и Европа влегоа во состојба на „воена економија“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian