Секој си го доби тоа што го заслужи: Вилијам и Кејт се селат во Виндзор, принцот Ендру „протеран“, Меган и Хари 15 минути средба

3 mins read

Големи промени може да се случат за Куќата на Виндзор ова лето, при што Вилијам и Кејт наводно ќе се преселат во Виндзор, додека принцот Ендру би можел да го замени Беркшир за Шкотска како дел од обидот да го обнови својот живот, пишува „Дејли мејл“.

кралица елизабета втора
Фото: EPA-EFE/STRINGER UK AND IRELAND OUT

По семејните разговори околу неодамнешниот јубилеен викенд на кралицата, сега се поставуваат планови кои би можеле да доведат до значителни промени во животот на кралското семејство подоцна оваа година.

Можеби најголемата промена ќе биде за војводата и војвотката од Кембриџ, кои наводно треба да го преселат своето семејство од Кенсингтон, западен Лондон, во Беркшир.

По прославата на платинестиот јубилеј од владеењето на кралицата Елизабета Втора, пристигнува нова вест – кралицата на некој начин на сите им поделила она што заслужуваат.

Кралицата Елизабета им даде на сите колку што заслужуваат: Вилијам и Кејт, како највредни членови на кралското семејство, летово се селат во замокот Виндзор. Синот на кралицата, Принцот Ендру, обвинет за педофилија и подведување малолетнички, ќе биде „протеран“ во Шкотска. А, принцот Хари и Меган Маркл добија само 15 минути официјална посета од кралицата!

кејт мидлтон
Вилијам и Кејт / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Кралицата Елизабета водела тајни разговори со принцот Ендру и постарите членови на кралското семејство за тоа како може да му се помогне на Ендру да ја врати добрата репутација далеку од очите на јавноста.

кралица елизабета
Фото: Профимедиа

Од друга страна, кралицата им дала само 15 минути внимание на Хари и Меган при една од официјалните посети. Двојката во Англија останала четири дена, но посетата била „официјална“ и многу студена. Што и можеше да се очекува откако минатата година го оцрнија кралското семејство во едно од најпознатите и најскандалозните интервјуа со Опра Винфри.

кралско семејство
Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE

Се чини дека кралицата веќе реши дека ќе ја наследи принцот Чарлс, бидејќи се наведува дека тој ќе продолжи да живее и работи од Бакингемската палата.

кралица елизабета
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс / Фото: EPA-EFE/STR

Затоа, замокот во Виндзор е слободен за во него да се вселат Вилијам и Кејт со децата.

Оваа одлука е донесена пред четириесеттиот роденден на Вилијам и претставува еден вид подарок од кралицата за внукот, но принцот Вилијам се пошегувал дека сето тоа е малку „застрашувачки“ за него.

Кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на последниот ден од прославата на платинестата годишнина

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

ФОТО+ВИДЕО | Неверојатен музички спектакл: Дијана Рос, Алиша Кис, Род Стјуарт ѝ пееја на кралицата Елизабета

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Халанд: Цел живот сум навивач на Сити, тука се чувствувам како дома

Следно

„Слободен печат“: Црковното признавање внесе малку световен оптимизам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian