Седум пратеници му вртат грб на шоуменот: Трифонов вечерва на средба со своите народни избраници

1 min read

Седум бугарски пратеници од партијата Има таков народ (ИТН) го напуштаат лидерот Слави Трифонов, кој минатата недела реши да излезе од владината коалиција, објави „24часа.бг“.

Тие ќе излезат од пратеничката група на ИТН, но се уште немаат постигнато договор за соработка со движењето Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков. Дополнително ќе очекуваат понуди за партнерство, пишува „24часа.бг“.

Отцепените пратеници ги организирал министерот за спорт од ИТН, Радостин Василев кој, според бугарскиот медиум, е против напуштање на владата.

Во групата седум пратеници се Николај Радумов, Светлин Стојанов, Иво Атанасов, Ивајло Христојв, Дејат Петков, Христинка Иванова и Георги Георгиев. Според порталот, на групата првенствено и се приклучила и досегашната организациска секретарка на ИТН, Викторија Василева, но таа подоцна се откажала, односно претпочитала да остане со Трифонов. Финалната бројка на отцепените пратеници треба да биде позната до вечер кога пратениците, на повик на Трифонов, треба да се сретнат со него.

Генчовска и Николов го напуштаат кабинетот на Петков

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се чисти отворениот канал на улицата Загребска

Следно

Трансферот на Нуњез ќе предизвика домино ефект

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian