Се чисти отворениот канал на улицата Загребска

1 min read

Екипите на ЈП Улици и патишта, денеска почнаа со чистење на каналот кој се наоѓа на улицата Загребска, во насока од ресторанот „Два Елена“ до детската болница „Козле“.

Запуштениот канал во должина од 300 метри се чисти од насобраниот шут и нискостеблеста вегетација, а се чистат и косините на каналот кои се покриени со обрасната трева, гранки, трева и шут.

Градот Скопје продолжува со чистење на отворените канали на подрачјето на Скопје и апелира до граѓаните да не фрлаат отпад во овие канали, со што ги затнуваат и се отежнува протокот на атмосферската вода, информираат надлежните.

skopjeinfo.mk

Претходно

Повеќе од сто вработени во градскиот јавен превоз во Лондон починале како последица на коронавирусот

Следно

Седум пратеници му вртат грб на шоуменот: Трифонов вечерва на средба со своите народни избраници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian