Санирани повеќе чешми за вода на подрачјето на Аеродром

2 mins read

Екипите на Општина Аеродром во изминатиот период извршија надзор над сите чешмички за пиење вода и онаму каде што беа забележани дефекти и оштетувања, веднаш беа санирани или заменети со нови.

 Станува збор за голем број чешмички кои се наоѓаат на следните локации:

– Ул. „Венијамин Мачуковски“ бр. 1 (Месна заедница во Мичурин)

– Ул. „Венијамин Мачуковски“ бб – (кај игралиште Мичурин)

– Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 24

– Ул. „23 Октомври“ бр. 1; 12; 27.

– Ул. „Бојмија“ бр. 8

– Бул. „АСНОМ“ (Парк на езерата)

– Бул. „Јане Сандански“ бр. 107; бр. 79;

– Плоштад позади ТЦ Бисер – Парк „Јане Сандански“

– Парк на светлината

– Бул. „Видое Смилевски Бато“ бр. 1; бр. 15; бр. 75; бр. 87;

– Ул. „Ѓорѓи Капчев“ (Парк Бановина)

– Бул. „АСНОМ“ бр. 190, 184, 170, 156, 118, 104, 68, 28.

– Детска улица „Тоше Проески“

– Бул. „Србија“ (Парк спроти крстот)

– Реонски Центар – Ул. „Коста Новаковиќ“ (Црква „Св. Илија“)

– Ул. „Ангел Димовски“ (Пензионерски дом)

– Ул. „1615“ во парк „9 мај“

-Им благодариме на жителите за нивните реакции и пријави, како и за разбирањето до целосното пуштање во употреба на овие чешми за пиење вода, кои се секако неопходни особено во топлите летни денови. Истовремено, големите фонтани низ парковите беа навремено пуштени и постојано се одржуваат, со што се дава дополнително освежување и пријатен амбиент за аеродромци, порачаа од општина Аеродром. 

Изминатиов период се работеше и на целосна санација на детските игралишта во населбите Ново Лисиче и Реонски Центар, каде што се реконструираа сите реквизити и се проверуваше нивната безбедност за безгрижна игра на нашите најмали.

Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период на сите детски игралишта каде што е тоа потребно, информираа надлежните. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Пекинг тестира милиони луѓе, изолира илјадници поради група заразена со Ковид во бар

Следно

Трипати повеќе мигранти од лани годинава влегле во ЕУ преку Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian