Пекинг тестира милиони луѓе, изолира илјадници поради група заразена со Ковид во бар

1 min read

Властите во главниот град на Кина, Пекинг, денеска преземаат мерки да ја спречат епидемијата на зараза со Ковид-19 што избувна во 24-часовен бар познат по евтин алкохол и голем метеж, при што милиони се соочуваат со задолжително тестирање, а илјадници се во изолација.

Избувнувањето на скоро 200 случаи поврзани со барот во центарот на градот кој штотуку повторно се отвори по минатонеделното олеснување на ограничувањата во Пекинг покажува колку ќе биде тешко за Кина да успее во својата политика за нулта-ковид, додека остатокот од светот одлучи да научи како да живее со вирусот.

Повторното појавување на зараза со ковид, исто така, предизвикува нови грижи за втората по големина економија во светот. Кина закрепнува од тешкиот удар од двомесечното затворање на Шангај, нејзиниот најнаселен град и трговски центар, кој исто така ги потресе глобалните синџири на снабдување.

Послужувањето во рестораните во Пекинг беше овозможено повторно на 6 јуни, по повеќе од еден месец во кој градот со 22 милиони жители спроведе различни мерки за забрана.

Многу трговски центри, спортски сали и други простори беа затворени, системот за јавен превоз беше делумно запрен, а милиони луѓе работеа од дома.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски – Ердоган: С Македонија и Турција продолжуваат со одлична билатерална и економска соработка

Следно

Санирани повеќе чешми за вода на подрачјето на Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian