Партизан повторно ќе игра во Евролига

1 min read

Кошаркарскиот клуб Партизан по осум години ќе се врати во Евролигата, пишуваат српските медиуми. Конечната одлука ќе биде донесена в четврток на состанокот на бордот на Евролигата и на која Партизан и Валенсија ќе добијат специјални покани за учество во најквалитетното европско кошаркарско клупско натпреварување.

Во игра за добивање на специјална покана била и екипата на Бурса, која играше во финалето на Еврокупот, но не ги исполнува критериумите за учество во Евролигата.

Партизан иако осум години отсуствува од Евролигата поради доминацијата на Црвена звезда во АБА лигата, има 13 настапи во елитното натпреварување и најголем успех му е пласманот на фајнал-фор турнирот во 2010 година кога за „црвено-белите“ настапуваше и поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трипати повеќе мигранти од лани годинава влегле во ЕУ преку Западен Балкан

Следно

ФОТО | Била со тенисерот пред Јелена: Поранешната на Новак Ѓоковиќ позира со светска фаца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian