Партијата на Трифонов ќе побара затворена седница на Бугарскиот парламент за Македонија

1 min read

Бугарската партија „Има таков народ” ќе побара затворена седница на Парламентот за Северна Македонија, на која министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации” и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема, изјави претседателот на парламентарната група Тошко Јорданов на прес-конференција, откако се обзнани дека седуммина пратеници од нивната партија ја напуштија владината коалиција и најавија дека ќе делуваат како независни.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јорданов, партијата „Продолжуваме со промената” се обидува да го измести фокусот од ветото за Северна Македонија.

Тој рече дека станувало збор за таен стенограм, во кој премиерот на Бугарија Кирил Петков пред некои еврокомесари разговарал што планира да прави за оваа тема, прашувајќи дали тоа не е национално предавство и ако не е, што ги спречува да одржат затворена седница.

Јорданов рече дека се собрани потребните 48 потписи за одржување затворена седница оваа недела, но претседателот на Парламентот Никола Минчев го одбил тоа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што значи полната Месечина во Стрелец за вашиот хороскопски знак

Следно

Нагло падна цената на биткоинот

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian