Партијата на Трифонов ќе бара затворена седница на Бугарскиот парламент за Македонија

1 min read

Бугарската партија „Има таков народ”, чијшто лидер е Слави Трифонов, ќе побара затворена седница на Парламентот за Северна Македонија, на која министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации” и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема, изјави претседателот на парламентарната група Тошко Јорданов на прес-конференција, откако се обзнани дека седуммина пратеници од нивната партија ја напуштија владината коалиција и најавија дека ќе делуваат како независни.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јорданов, партијата „Продолжуваме со промената” се обидува да го измести фокусот од ветото за Северна Македонија.

Тој рече дека станувало збор за таен стенограм, во кој премиерот на Бугарија Кирил Петков пред некои еврокомесари разговарал што планира да прави за оваа тема, прашувајќи дали тоа не е национално предавство и ако не е, што ги спречува да одржат затворена седница.

Јорданов рече дека се собрани потребните 48 потписи за одржување затворена седница оваа недела, но претседателот на Парламентот Никола Минчев го одбил тоа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Сопственичка поставила камери за да открие што прави нејзиното куче кога ќе остане само дома

Следно

Новата ѕвезда на Ливерпул имала тешко детство: Ужинката во училиште често му била единствен оброк во денот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian