Парализа на лицето: Што е Ремзи-Хантов синдром од кој страда Џастин Бибер?

2 mins read

Поп-ѕвездата Џастин Бибер соопшти дека неговото лице е делумно парализирано од вирусна состојба наречена Ремзи-Хантов синдром, предизвикана од варичела-зостер, вирус кој исто така ги предизвикува малите сипаници (морбили) и херпес зостер.

Канадскиот пејач им објасни на обожавателите во видеоснимката на Јутјуб дека вирусот нападнал нерв во неговото уво, нервите на лицето и довел до парализа на лицето.

Ремзи-Хантов синдромот е ретко невролошко нарушување кое се појавува кога вирусот варичела-зостер инфицира нерв во главата во близина на внатрешното уво. Откако ќе прележате мали сипаници како дете или херпес зостер како возрасна личност, вирусот може да мирува во телото.

Не е познато зошто вирусот повторно се активира и доведува до Ремзи-Хантов синдром.

Симптомите може да вклучуваат болен осип внатре во ушниот канал и надвор од увото, кои понекогаш ги напаѓаат јазикот и непцето, според „Медицинското училиште Икан – Маунт Синај“.

Поради зафатеноста на внатрешното уво, луѓето со оваа состојба, исто така, може да страдаат од вртоглавица или тинитус, зуење на ушето. Ремзи-Хантов синдром, исто така, може да предизвика губење на слухот на погодената страна на лицето. Како и кај Бибер, исто така може да предизвика слабост, спуштеност на лицето или парализа на страната од лицето што е нападната од вирусот.

Оваа слабост може да предизвика тешкотии со затворање на едното око, правењето гримаси и со јадењето, бидејќи храната може да испаѓа од устата.

Лекувањето се состои од стероиди како што е „преднизон“ за намалување на воспалението и лекови против болки. Понекогаш може да се препишат антивирусни лекови кои помагаат во лекувањето на херпесот, како што се ацикловир или валацикловир.

Како што велат од болницата „Маунт Синај“, целосно закрепнување не е сигурно. Некои, сепак, закрепнуваат за неколку месеци. Колку порано се дијагностицира, толку се поголеми шансите за закрепнување.

Џастин Бибер за несреќата на сопругата Хејли: Не можам да ја изгубам

Џастин Бибер откри како е неговата сопруга по проблемите со мозокот: Знам дека Бог ја чува

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генчовска и Николов го напуштаат кабинетот на Петков

Следно

Холандија го смени мислењето, сега поддржува влез на Скопје и Тирана во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian