Новата ѕвезда на Ливерпул имала тешко детство: Ужинката во училиште често му била единствен оброк во денот

2 mins read

Англискиот и европскиот вицешампион Ливерпул победи во трката за еден од најбараните напаѓачи на денешницата Дарвин Нуњез кој како и поголем број јужноамерикански фудбалери, имал тешко детство и живеел во сиромаштија, но преку фудбалската топка стана милионер.

Ливерпул се договори со Бенфика да и плати отштета во висина од 75 милиони евра плус 25 милиони во лесно остварливи бонуси, додека Уругваецот ќе потпише шестгодишен договор со кој ќе заработува 6 милиони евра по сезона.

Пред Нуњез е блескава иднина, но пред шест години, тој беше со милји оддалечен од сигурна иднина.

Дарвин Нуњез фудбалскиот пат го започнал во гратчето Артигас, но на 14 години го напуштил домот и се преселил во главниот град на Уругвај, Монтевидео кој е 600 километри оддалечен од родното место и преминал во Пењарол. Неговите родители не биле во можност да му испраќаат пари, па училишната ужина често му била единствениот оброк на ден.

Неговиот татко работел како ѕидар, а додека мајка му собирала шишиња по улици за да му обезбеди на семејството дополнителни приходи и да може на Дарвин да му даде џепарлак за да си купи храна.

– Никогаш нема да заборавам од каде почнав – вели Нуњез.

Почетоците во Пењарол беа многу добри и кога веќе му тргна, Дарвин не се вртеше наназад туку со крупни чекори грабеше напред. По само три години поминати во Пенарол, Дрвин Нуњез прави трансфер во шпанската Алмерија која пак една година подоцна го продава на Бенфика за 24 милиони евра.

За две години поминати во португалскиот гигант, вредноста на Нуњез се зголеми за четири пати, па Ливерпул за да го донесе на „Енфилд“ плати 80 милиони евра, а во зависност од прикажаните игри Бенфика може да добие дополнителни 20 милиони евра. На Алмерија и следува 20 отсто од вкупниот трансфер.

Според португалските медиуми, бонусите се лесно остварливи, кога Нуњез ќе одигра 10 натпревари за Ливерпул, „црвените“ ќе и платат на Бенфика уште 5 милиони евра, а ако настапи на уште 50 натпревари тогаш нови 10 милиони евра ќе легнат на сметката на португалскиот гигант. Преостанатите 10 милиони евра се поврзани со бројот на постигнати голови и освоени трофеи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Партијата на Трифонов ќе бара затворена седница на Бугарскиот парламент за Македонија

Следно

Османи: Еди Рама во Солун жестоко ја бранеше земјава, критиките кон него се неосновани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian