На 20 август тетовци ќе избираат нови советници?

2 mins read

Владата се очекува на утрешната седница да донесе одлука во Тетово да се спроведат вонредни локални озбори за избор на општински советници. Од Министерството за локална самоуправа за „Слободен печат“ потврдија дека веќе доставиле мислење и очекуваат Владата утре да донесе одлука.

-Министерството за локална самоуправа достави мислење до Владата дека се исполнети законските услови за нови избори за советници во Општина Тетово. За ова најверојатно ќе се одлучува на утрешната владина седница. Сметам дека Владата треба да донесе одлука за нови избори за советници  – вели за „Слободен печат“ Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Ако Владата одлучи да има вонредни избори за советници во Тетово, претседателот на Собранието ќе треба да ги распише изборите. Неофицијално, се очекува изборите за новиот општински совет на Тетово да се оддржат на 20 август, за кога Државната изборна комисија веќе ги одреди роковите за изборните дејствија за спроведување на избори за грдаоначалници на Маврово Ростуше и на Центар Жупа.

Тетовци по нецела година од локалните избори повторно ќе избираат советници откако Советот на општината не успеа да ја изгласа завршната сметка на Општината за 2021 година.

Претходно и градоначалникот на Тетово Билал Касами најави дека се извесни нови избори за советници.

-Согласно законот, ако не е усвоена Завршната сметка на Општината за 2021 година, тоа е еден од условите за да се оди на нови избори за Совет на Општина Тетово. Ние ги информиравме соодветните министерства кои треба понатаму да постапат. Ако Владата одлучи, тоа ќе значи распишување на нови локални избори за Совет на Општина Тетово. Законот е јасен, ако не се донесе Завршната сметка, исполнети се условите Советот да оди на реизбор, но за тоа одлука донесуваат други институции, а не Општината – изјави неодамна градоначалникот Касами.

Седницата на која требаше да се гласа за завршната сметка на Општината беше прекината откако не беше усвоен дневниот ред за кој гласаа 15 советници, 15 беа воздржани, а на која требаше да се верифицира мандатот на нов член.

Инаку во мнозинството на тетовскиот совет покрај Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, беа и двајца независни советници, кои не гласале за дневниот ред на Седницата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филм и мрачна биографија: Џорџ Мајкл последните години од животот ги поминувал со дрога, брза храна и мажи

Следно

Топлотен бран ќе зафати поголем дел од Франција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian