Марсело по 15 години и 25 освоени трофеи си замина од Реал Мадрид

2 mins read

Бразилскиот репрезентативец Марсело денеска во солзи се прости од Реал Мадрид од кој ќе си замине по 15 години и 25 освоени трофеи.

Договорот на Марсеј со Реал Мадрид, на кој му се приклучи од Флуминенсе во 2007 година, истекува на крајот на јуни и нема да биде продолжен. Бразилецот си заминува како најтрофејниот фудбалер во историјата на „кралскиот клуб“ со 25 освоени трофеи.

– Денес е најсреќниот ден откако сум во Мадрид затоа што заминувам и сфатив дека оставив наследство – рече Марсело на последната прес-конференција како член на Реал Мадрид.

Марсело, меѓу другото, со Реал освои пет титули во Лигата на шампионите и шест во Ла Лига. Претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез на специјална церемонија организирана во негова чест на „Сантијаго Бернабеу“ му врачи златна членска значка.

– Не се чувствувам како легенда. Животот не завршува тука, ќе продолжам да играм. Верувам дека можам да продолжам, но не размислувам многу за иднината. Најтешко е да се каже збогум. Најдоброто нешто во животот ми беше да го носам овој дрес – рече Марсело.

 

Марсело одигра 545 натпревари за Реал во сите натпреварувања.

– Драг Марсело, ги остваривте сите ваши соништа. Освоивте апсолутно сè. Без сомнение сте еден од најдобрите дефанзивци во историјата на светскиот фудбал, уникатен играч – му рече претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Најголем интерес за Марсело пројавуваат екипите на Фенербахче и Марсеј.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон: Франција и Европа влегоа во состојба на „воена економија“

Следно

Што значи полната Месечина во Стрелец за вашиот хороскопски знак

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian