Макрон повика на зајакнување на европската одбранбена индустрија

1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на зајакнување на европската одбранбена индустрија, која според него мора да биде „многу посилна“ за да ги задоволи растечките воени потреби од почетокот на војната во Украина.

Тој исто така побара „повторна проценка“ на француските воени расходи.

– Да не одиме напред, повторувајќи ги грешките од минатото, да трошиме многу за да купуваме на друго место – тоа не е добра идеја, рече Макрон на отворањето на меѓународната изложба на оружје Јуросатори во близина на Париз во време кога многу европски земји изразија желба да го зголемат својот буџет за одбрана.

Треба да ја зајакнеме индустријата и индустриската и технолошката база за да имаме многу посилна и поинтензивна европска одбрана, во спротивно ќе акумулираме трошоци за иднината, додаде тој, повторувајќи го својот апел од 2017 година, кога влезе во Елисејската палата.

kurir.mk

Претходно

Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ надградена со уцена: Или предвремени избори или нема нов Изборен законик

Следно

Има технички пропусти при градбата на градинката „Мајски Цвет“ во Карпош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian