Македонскиот фудбалски шампион Шкупи утре ќе го добие противникот на стартот од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Шкупи се најде во групата 3 на неносители и може да се падне со неверојатно тешки екипи кои веќе имаат играно во групната фаза во ЛШ.
Можни противници на Шкупи во првото квалификациско коло се минатогодинешниот учесник во групната фаза во ЛШ, Шериф Тираспол од Молдавија, Слован Братислава од Словачка, Азербејџанскиот Карабах како и Линколн од Гибралтар и Шамрок од Република Ирска.
Ждрепката за првата рунда во квалификациите за ЛШ е закажана за утре од 12:00 часот.
ГРУПА 1
Носители: Лудогорец (Бугарија), Клуж (Романија), Ференцварош (Унгарија), Марибор (Словенија), Дуделанж (Луксембург)
Неносители: Сутјеска (Ц. Гора), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Тобол (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Тирана (Албанија)
ГРУПА 2
Носители: Малме (Шведска), Бодо (Норвешка), ХЈК (Финска), ТНС (Велс), Жалгирис (Литванија)
Неносители: Линфилд (С. Ирска), КИ (Фарски Острови), РФС (Летонија), Балкани (Косово), победник во претквал.
ГРУПА 3
Носители: Карабах (Азербејџан), Шериф Тираспол (Молдавија), Слован Братислава (Словачка), Линколн Ред Импс (Гибралтар), Шамрок Роверс (Р. Ирска)
Неносители: Зрињски (БиХ), Лех (Полска), Хибернијанс (Малта), Шкупи (Македонија), Динамо Батуми (Грузија)
Можните противници во првото квалификациско коло за пласман во Лига на конференции ги добија и Академија Пандев и Шкендија.
Шкендија е во групата 5 и е носител, а можни противници на тетовскиот клуб се Сабуртало (Грузија), Флориана (Малта), Арарат (Ерменија), Тузла Сити (Босна и Херцеговина) и Дечиќ (Црна Гора). Академија Пандев е во групата 1 и не е носител, а можни противници се: Динамо Тбилиси (Грузија), Алашкерт (Ерменија), Дрита (Косово), Лехија (Полска), Милшами (Молдавија).
Третиот македонски претставник во Конференциската лига, Македонија Ѓорче Петров е слободна во првото коло. Ждрепката е закажана за утре во седиштето на УЕФА во Нион со почеток во 14 часот.