Левица-Карпош со соопштение за немилиот настан во градинката „Мајски Цвет“

1 min read

Викендов во детската градинка ‘‘Мајски Цвет’’ во Општина Карпош се срушила таванската конструкција. За среќа во овој немил настан немало повредени, благодарение на тоа што градинката не работи за викенд.

Од Левица-Карпош се огласија со соопштение по повод овој  случај. 

-Реконструкцијата на оваа градинка се случи минатата година, во пресрет на локалните избори. Очигледно реконструкцијата на градинката била неквалитетна и наменета само за маркетинг политиката на Стефан Богоев и СДСМ, додека вистинска санација на градинката и немало. Во меѓувреме, откако СДСМ убедливо загуби на локалните избори, централната власт која е под раководство на оваа анти-македонска партија, избегнува да инвестира во општините каде они се во опозиција. Целта е јасна, а тоа е да ја прикажат неспособноста на другите партии, повторно, ставајќи ги сопствените, профитерски интереси пред оние на жителите, велат од партискиот огранок. 

ЛО Левица Карпош остро ги осудуди ваквите, како што вели, валкани политики и пракси на СДСМ и апелираат веднаш да запре со оваа штетна политика која ја спроведува Владата преку ресорните министерство.

-Животот и здравјето на жителите треба да бидат приоритет во политиките на централните и локалните власти, а очигледно истите со вавиот пристап се загрозени, порачаа од Левеица-Карпош. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Холандија го смени мислењето, сега поддржува влез на Скопје и Тирана во ЕУ

Следно

Пчели нападнале двајца мажи во Словенија, еден починал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian