Израел ги повика своите граѓани да ја напуштат Турција поради опасност од ирански напади

1 min read

Израел побара од своите граѓани кои се во Турција веднаш да ја напуштат земјата, поради најавени напади врз Израелци во оваа земја.

„Џерусалим пост” пишува дека Израел „драматично” ја зголемил способноста на своите најмодерни борбени авиони да го нападнат Иран. Дека тоа е навистина така, сугерира и фактот што Израел неодамна интегрираше нова „паметна” бомба во своите Ф-35. Станува збор за оружје од еден тон што може да го носи F-35 во својата внатрешност, а не ги нарушува „стелт” карактеристиките на авионот, што е многу важен факт доколку имате намера незабележано да влезете на непријателска територија.

Дека Израел многу активно се подготвува за потенцијална операција, говори и фактот дека неговите воздухопловни сили во последниот месец изведоа дури четири големи воени вежби над Медитеранот, при што нивните авиони симулираа удари со ракети со долг досег врз цели во Иран.

Во вежбите се симулираше заобиколување на иранските радари и системи за рано откривање и предупредување, како што се оние што ги штитат нивните нуклеарни капацитети.

Иран, од друга страна, отворено им се закани на граѓаните на Израел, како одмазда за убиствата на истакнати членови на иранската национална гарда или научници кои управуваат со нуклеарната програма, што се случија во последните две години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Топлотен бран ќе зафати поголем дел од Франција

Следно

Убава вест: Пабло Ласо повторно го тренира Реал Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian