Има технички пропусти при градбата на градинката „Мајски Цвет“ во Карпош

1 min read

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

– Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување.Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот, велат од општина Карпош. 

Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот, соопштија од локалната самоуправа. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Макрон повика на зајакнување на европската одбранбена индустрија

Следно

Лазаров без Манасков и Томовски на Медитеранските игри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian