Холандија го смени мислењето, сега поддржува влез на Скопје и Тирана во ЕУ

2 mins read

Холандската влада сега ги поддржува кандидатурите на Албанија и на Северна Македонија за влез во ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска со двете балкански земји. Владата и коалициските партии во Претставничкиот дом сега се залагаат двете земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во ЕУ, пишува холандски NL Times.

Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Северна Македонија.

Во мај, Европскиот парламент побара од Европскиот совет Албанија и Северна Македонија да го започнат преговарачкиот процес, посочувајќи на „геостратешкиот контекст на односите со Русија и руската агресија против Украина”.

Холандскиот премиер Марк Руте сега се залага Албанија и Северна Македонија да го започнат преговарачкиот процес, објави холандската ТВ Телеграф (Де Телеграф).

Во 2018 година, Руте рече дека Албанија и Северна Македонија ќе ја „ослабнат целата Унија”, укажувајќи на корупцијата и недостатокот на слобода на медиумите. Една година подоцна, Холандија, заедно со Франција и Данска, го блокираа почетокот на преговорите за членство во ЕУ за двете земји.

Хаг го промени својот став и покрај значителниот пад на слободата на медиумите во Албанија и фактот дека корупцијата, особено на високо ниво, останува важно прашање, пишува EURACTIV.

Руте сега бара поддршка од цела ЕУ. Тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во мај рече дека сите во ЕУ се обидуваат да направат се што е можно Западен Балкан да остане стабилен и да се најде решение за проблемите во регионот, особено во Северна Македонија и Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Парализа на лицето: Што е Ремзи-Хантов синдром од кој страда Џастин Бибер?

Следно

Левица-Карпош со соопштение за немилиот настан во градинката „Мајски Цвет“

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian