Хоџај: Косово треба да се откаже од изолација и да стане дел од „Отворен Балкан“

1 min read

Поранешниот шеф на косовската дипломатија и актуелен потпретседател на парламентот и на Демократската партија на Косово, Енвер Хоџај, за Топ чанел изјави дека Косово треба да им се приклучи на земјите од регионот во рамки на „Отворен Балкан“.

„Вклучувањето на Косово во иницијативата ‘Отворен Балкан’ е неопходно. Одбивањето да стане дел од оваа иницијатива има последици во многу аспекти а учеството во оваа регионална иницијатива е решено со Вашингстонскиот договор, рече тој.

Според него ова е краен момент Владата на Косово сериозно да размисли, да се откаже од изолацијата и да покаже дека е за соработка.

Хоџај додава дека од економски аспект, трговијата со Србија не треба никого да плаши а ги отфрла и аргументите на Владата на премиерот Албин Курти дека неучеството е поврзано со нееднаквиот третман на Косово во оваа иницијатива.

„Апелирам до другите опозициски партии да погледнат подалеку кога станува збор за ‘Отворен Балкан’ за да ја убедиме владата да се откаже од изолацијата на земјата“, посочи Хоџај.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нагло падна цената на биткоинот

Следно

Австралија е последниот учесник на Мундијалот во Катар, во пенал серијата го победи Перу

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian