Халанд: Цел живот сум навивач на Сити, тука се чувствувам како дома

2 mins read

Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд денеска и официјално беше промовиран како нов фудбалер на Манчестер сити потпишувајќи договор со англискиот шампион.

Манчестер сити минатиот месец ја активираше откупната клаузула во договорот на Халанд со Борусија Дортмунд од 60 милиони евра, а Халанд при потпишувањето на договорот, изјави дека целиот живот е  навивач на „граѓаните“.

– Роден сум во Англија, така што цел живот сум навивач на Манчестер Сити, знам многу за овој клуб. Тука се чувствувам малку како дома. Сум бил на многу натпревари на Сити. Исто така, мислам дека токму во Сити можам да напредувам и да го извлечам најдоброто од мојата игра – рече Халанд.

Одличниот напаѓач смета дека со потписот за Сити го направил вистинскиот потег.

– Манчестер Сити е одличен потег за мене. Во овој тим има толку многу играчи од светска класа, а Гвардиола е еден од најголемите тренери на сите времиња, па верувам дека сум на вистинското место да ги исполнам моите амбиции. Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да напредувам – додаде Халанд.

Халанд потпиша петгодишен договор со Сити, но се уште не е познато со кој број ќе настапува за англискиот тим. Негова желба да настапува со „деветката“  на грбот, но овој број моментно е зафатен од Габриел Жесус.

Сепак, Сити го стави Жесус на трансфер листата и за него има интерес од Арсенал и Челси па со негова продажба ќе се ослободи омилениот број на Халанд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џаферовиќ: Документот од Брисел е добар, кризата треба да заврши

Следно

Секој си го доби тоа што го заслужи: Вилијам и Кејт се селат во Виндзор, принцот Ендру „протеран“, Меган и Хари 15 минути средба

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian