Голем неделен хороскоп (13-19 јуни): Рибите со одлични резултати на работа, Раковите ќе бидат таинствени

10 mins read

Овен

Oд 14 јуни ќе дејствувате со поголема самодоверба и ќе ги завршувате задачите со помал напор. Ќе се раздвижат состојби и проекти кои досега биле „заглавени“. Ќе можете да сметате на поддршката од колегите и претпоставените. Во љубовта работите тргнуваат на добро. Ќе сфатите дека кај симпатијата/партнерот почнува да ви се допаѓа она што на почетокот ве одбивало или не ви одговарало. Меркур на многумина ќе им донесе познанство со многу забавна и комуникативна личност. Омилениот Меркур ви дава ментална виталност и оптимизам, па вашето весело расположение ќе ги избрка сите болести. Деновите се одлични за да започнете да се занимавате со поинтензивно вежбање и медитација, но правете сè во умерени количини.

Бик

Сите предуслови за поволен исход на ситуацијата се тука, но без ваше учество тешко дека нешто ќе започне. Веројатен е успех и во однос на финансиите на долг рок. Доколку внесете повеќе содржина и имагинација во вашата врска, двајцата ќе бидете посреќни. Многумина оваа недела ќе се занимаваат со решавање на семејни проблеми, затегнати односи со родителите или ќе размислуваат за преселба. Слободните ќе бидат импресионирани од една интересна личност. Би можеле да се соочите со ментален замор – може да ви е преку глава од работата што ја работите или малку понапната семејна ситуација. Обидете се да најдете слободно време за себеси, за вашите хобија и работите што ви носат радости.

Близнаци

Желбата за постигнување цели ќе ве мотивира на акција и храбро ќе се соочите со сите потешкотии кои ќе се појават на патот. Незавршените работи и оние со кои долго време се мачите ќе ги доведете до крај. Вложувате чувства и надежи во врска која е веќе докажана или во личност која ви дава чувство на сигурност. Избегнувајте да ги обновувате старите, неуспешни врски бидејќи повторно ќе навлезете во истите проблеми. Дајте им приоритет на новите познанства и новите врски. Не сте се чувствувале толку добро како што се чувствувате деновиве, но не се опуштајте. Неповолниот Меркур демне во позадина, па се ќе биде во ред доколку живеете смирено и уредно.

Рак

Накратко ќе се повлечете од јавноста, ќе повелечете потези од сенка и ќе ги држите плановите за себе. Пред вас се денови на исчекување или подготовка за големи професионални промени. Ќе ви биде потешко да се справите со рутинските задачи. Деновите се како создадени за влегување во брачни води или нова врска. Раздвижениот ноќен живот ќе придонесе за вашата популарност и ќе го зголеми бројот на луѓе кои ќе бидат маѓепсани од вашиот шарм. Во средината на неделата конечно ќе сфатите дека имате големи шанси кај личноста што ви се допаѓа веќе подолго време. Имате тенденција да акумулирате вода во вашето тело, што може да претставува закана за вашата тежина. Контролирајте ја вашата исхрана, јадете здраво.

Лав

Меркур во Близнаци ќе ви дава голема ментална енергија, па другите ќе ја видат вашата способност да донесувате квалитетни и рационални заклучоци. Ќе бидете исцрпени од насобраните обврски, но ќе се справите со сè. Не очекувајте вашиот партнер да ве опсипува со нежности и да поминува повеќе време со вас, оваа недела ќе биде посветен на работата и кариерата. Доколку сте родени во август, некои скриени тајни меѓу вас и вашиот партнер ќе излезат на виделина. Благодарение на поволните Меркур и Марс значително ќе ви се подобри расположението, па ќе бидете психички силни и отпорни на стрес. Ќе бидете заинтересирани за спорт, социјален живот и забава.

Девица

Не отварајте намерно прашања кои може да ги влошат односите помеѓу вас и вашите претпоставени. Пред вас е неповолен работен период, па затоа не се препорачува проширување на бизнисот или какви било промени поврзани со работата. Конечно ќе се вербализираат чувствата кои постојат меѓу вас и вашиот партнер. Ќе си кажете што мислите и ќе најдете начин да ги решите проблемите од минатото. За слободните претстојат нови можности: од средината на неделата ќе ви се зголемат шансите за запознавање некоја интересна личност. Активниот начин на живот ќе биде најдобриот начин да останете во добра форма и да избегнете евентуални здравствени проблеми. Опуштете се во друштво.

Вага

Не ја потиснувајте вашата амбиција, истакнете се. Моќта на набљудување ќе ви биде на завидно ниво, па ќе ги препознавате и ќе ги искористите туѓите слабости без никому да му наштетите. Комуникацијата со партнерот ви е добра затоа сега е време да ги решете недоразбирањата и сомнежите. Слободни, бидете повнимателни во изборот или впуштање во нова врска, бидејќи би можеле да запознаете некој кој нема да биде целосно искрен со вас. Издржете ги сите притисоци и напори на кои сте изложени, бидејќи од следната недела доаѓаат подобрувања. Дотогаш, држете се настрана од какви било ризици, опасни спортови и какви било ситуации во кои би можеле да се повредите.

Скорпија

Со Скорпијата можни се промени во менаџментот или доаѓање на нов шеф. Избегнувајте ситуации во кои другите, без разлика дали станува збор за шеф или колега, може да ве гледаат како претендент за нивната позиција. Би можеле да испланирате свадба, имање потомство или на некој начин да ја прославите вашата љубов, како на пример да објавите веридба. Љубовните односи испреплетени со кризни моменти би можеле да се подобрат, но само доколку меѓу вас и партнерот постои подготвеност за квалитетен разговор. Неповолниот Меркур може да биде причина за вашите чести промени на расположението, слаба концентрација и ментален замор. Опуштете се и одморете се штом ќе се укаже прилика.

Стрелец

Би можеле почесто да одите на службени патувања, да бидете задолжени за односи со јавноста или повеќе да работите со луѓе. Многу работи ќе се појават непланирано, па приспособувањето и снаодливоста ќе бидат исклучително важни. Ќе ве воодушеви личноста која е ваша спротивност, но кога малку подобро ќе ја запознаете ќе сфатите дека имате многу заедничко. Оние во брак ќе бидат „расположени“ за кавга и сцени на љубомора, но од 14 јуни повеќе и подобро ќе комуницирате, па помалку ќе се карате. Повеќето од планетите се на ваша страна така што нема поголеми опасности по вашето здравје. Ќе се чувствувате многу добро, сè ќе биде во ред.

Јарец

Би можеле да се преселите во нова канцеларија, да набавите нова работна опрема или да одите на кратко службено патување. Ќе ја стабилизирате финансиската состојба, ќе ги подмирите минатите долгови или ќе ги зголемите заштедите. Проблемите во љубовта одат кон нивното решение. Емотивната комуникација ќе се подобри, па успешно ќе ги решите недоразбирањата во отворен разговор со партнерот. Без разлика дали негувате симпатии или сте во врска со некоја личност на работа, врската ќе се искристализира. Доколку имате проблеми со несоница, држете се настрана од јадење доцна. Дајте предност на здравиот начин на живот, особено ако сте често под стрес и се чувствувате преоптоварени.

Водолија

Ќе имате мотивација за работа, но околностите нема да го следат вашиот ритам. Луѓето ќе ви работат зад грб и ќе ви го отежнат завршувањето на работите. Направете чекор настрана, размислете што и како понатаму. Не е крај на светот. Венера ја поттикнува вашата склоност кон флерт и познанства. Случајна средба би можела да биде фатална пресвртница, затоа потрудете се да бидете „скоцкани“ во секое време. Доколку сте во брак, можни се кавги кон средината на неделата. Ќе ве интересираат разни третмани за убавина, па со задоволство ќе пробате разни козметички производи. Ментално сте уморни, ви треба одмор.

Риби

Работите се загреваат. Ќе бидете преоптоварени со работа, понекогаш нервозни бидејќи нема да можете да се организирате. Но, бидејќи вашата трудољубивост ќе биде комбинирана со креативноста, резултатите ќе бидат одлични. Без грчеви и непотребни калкулации ќе ги прифатите новите случувања на љубовен план. Интересна личност ќе ви испрати отворена покана. Ќе бидете воодушевени од нечија спонтаност и имагинација. Доколку сте во брак, можат да бидат поизразени недоразбирања поради финансиски проблеми. Во одличен период сте да се откажете од цигарите бидејќи ќе бидете упорни и истрајни. Ќе можете ментално подобро да се справите со стресните ситуации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје го објави јавниот повик за субвенции за набавка на инвертери

Следно

ВИДЕО | Со 30-часовна презентација на бизнис идеи се сруши Гинисов рекорд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian