Гави конечно доби понуда каква што посакува за да остане во Барселона

1 min read

Еден од најдобрите млади фудбалери на светот и Барселона конечно најдоа заеднички јазик и повеќе нема пречки за потпишување на нов договор.

Каталонските медиуми објавија денеска дека Барселона конечно ја зголемила понудата која очекуваат Гави да ја прифати и конечно да потпише нов договор.

Претходно Барселона му понуди на Гави плата идентична на таа на Роналд Араухо која младиот фудбалер ја одби. Поради тоа, управата на Барселона понудила нов договор според кој првата година, платата на Гави ќе изнесува помеѓу 3 и 4 милиони евра и ќе се зголемува секоја година.

Неговиот актуелен договор истекува идната година, а откупната клаузула изнесува само 50 милиони евра. Со новиот договор, Гави ќе се обврзе да остане на „Камп Ноу“ до 2027 година, а откупната клаузула ќе изнесува дури една милијарда евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Василев: Северна Македонија е измислена причина за повлекувањето на „Има таков народ“ од бугарската владејачка коалиција

Следно

ВИДЕО | Бритни Спирс го прослави бракот со танц во дијамантска танга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian