ФОТО+ВИДЕО | Четири жртви во поплавите во Анкара

1 min read

Четири лица загинаа во невремето проследено со поројни дождови во турската престолнина Анкара, соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД).

Спасувачките операции продолжуваат од почетокот на невремето, кое почна пред два дена.

„Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен во поплавите во областа Алтандаг во Анкара”, се вели во соопштението, во кое се изразува сочувство до роднините.

Бројот на загинати во поплавите во градот се искачи на четири лица. Претходно беше соопштено за три жртви.

Во различни делови на Анкара автомобилите останаа на патот поради поројниот дожд, поплавени се домови и работни места.

Поплавен дел од Анкара, Турција / 13 јуни 2022 / Фото: Adem ALTAN / AFP / Profimedia
Поплавен дел од Анкара, Турција / 13 јуни 2022 / Фото: Adem ALTAN / AFP / Profimedia
Силно невреме во Анкара, Турција / 11 јуни 2022 / Фото: Adem ALTAN / AFP / Profimedia
Силно невреме во Анкара, Турција / 11 јуни 2022 / Фото: Adem ALTAN / AFP / Profimedia

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Плановите на германското Министерство за одбрана предвидуваат нова командна структура на армијата

Следно

Шефки Арифовски е нов тренер на Беласица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian