Во Лос Анџелес се одржа хуманитарен гала настан „CORE“, а меѓу присутните ѕвезди беше и актерката Шерон Стоун.
Таа беше видно расположена и со широка насмевка позираше пред фотографите покрај нејзиниот колега Шон Пен, кој стои зад непрофитната хуманитарна организација „Community Organized Relief Effort“.
И додека Пен беше во класично издание каков што многупати сме го виделе на слични церемонии, во темносино одело, со вратоврска и соодветни чевли, Шерон се појави во облека во каква речиси и не сме ја виделе на црвениот тепих.
Наместо некој гламурозен фустан и штикли, таа за оваа пригода носеше розев сатенски костум и бела блуза, во комбинација со бели патики.
Без вртоглавите потпетици кои се непишано правило за гламурозните настани, Шерон гордо позираше во овие рамни спортски бели патики со потпис на брендот „Dolce&Gabbana“.
Со тоа уште еднаш покажа дека не е „роб“ на правилата и дека ѝ е поважно да се чувствува добро во тоа што го носи. Аутфитот го финиширала со бела кожна чанта со златен синџир.