ФОТО | Кој го плаќа? Амбер Херд нема ниту цент, а лета со приватен авион!

3 mins read

Неодамна видовме дека веднаш по фамозното судење за случајот за клевета на Џони Деп против поранешната сопруга Амбер Херд, кое заврши во корист на ѕвездата на „Пиратите од Карибите“, Џони Деп потроши речиси 50.000 за славеничка вечера во индиски ресторан во Бирмингем.

Фото: Профимедиа

Што се однесува до Амбер Херд, таа на својот инстаграм-профил објави соопштение во кое наведе дека се чувствува разочарана поради пресудата, за потоа уште еднаш да се огласи да ја коментира објавата на новоотворениот налог на Деп на ТикТок кој веќе брои милиони следбеници.

Актерката беше „уловена“ во петокот на аеродром во близина на Вашингтон како се симнува од приватен авион и се качува во автомобил со шофер заедно со нејзината сестра Витни Хенрикез.

Фото: Профимедиа

Постојат шпекулации дека Херд била во Њујорк на неколку состаноци, а потоа се враќала во Вирџинија.

Во меѓувреме, луѓето на социјалните мрежи ја осудуваат актерката за такви екстравагантни патувања во приватен авион веднаш откако нејзината адвокатка Елејн Чарлсон Бредехофт тврдеше дека Амбер не може да си дозволи да му плати 10 милиони долари отштета на Џони Деп.

Еден корисник напиша: „Мислам дека е лицемерно од страна на Амбер Херд да тврди дека нема пари да му плати на Џони Деп и на добротворните организации што ги користеше за влијание, но може да си дозволи чанта од „Ив Сен Лоран“, приватен авион, тим за односи со јавноста и вила од 22.000 месечно“.

Друг истакнал, „порталот ТМЗ штотуку објави дека Амбер летала со притватен авион до Вашингтон и бил придружувана од лускузен џип. Толку многу за една „скршена“ жена која не може да си дозволи да плати за добротворни цели „бидејќи ја тужеле“.

Да потсетиме, адвокатскиот тим на Деп, кој го сочинуваат Камила Васкез и Бенџамин Чу, објави дека постои можност Деп да ѝ го прости овој долг на Амбер, откако нејзиниот адвокатски тим инсистираше дека таа тоа не може да си го дозволи и дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Адвокатите на Деп најавија дека тој можеби нема да бара отштета од Херд: Никогаш не беше за парите

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трансферот на Нуњез ќе предизвика домино ефект

Следно

Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ надградена со уцена: Или предвремени избори или нема нов Изборен законик

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian