ФОТО | Јелена Карлеуша во смело модно издание: Фановите пишуваат дека изгледа како лустер

1 min read

Јелена Карлеуша се обидува секој пат да приреди спектакуларно шоу за своите фанови и притоа избира најразлични костими за настапите пред публика.  Најновиот костим во кој настапуваше пејачката беше извезан сребрени детали кои многумина ги потсетуваа на дијаманти.

Ти си спектакуларна дива, ѝ напишаа фановите на пејачката Јелена Карлеуша (43) под фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил.

Обожавателите на Карлеуша ги сакаат смелите модни комбинации, а овој пат избра костим кој повеќе покажува отколку што крие.

„Слободно гледајте ме“, напиша таа во описот.

Костимот го красеа сребрени детали кои потсетуваат на „дијаманти“, а под проѕирниот градник на пејачката се гледаа брадавиците.

Иако обожавателите не ја пропуштија можноста да ѝ дадат комплименти на пејачката, сепак имаше и такви кои беа незадоволни од оваа модна изјава.

– Што е ова? Ме потсетува на лустер – коментираат тие.

Карлеуша настапи во костим, а објави и видео во кое ги покажува облините.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шефки Арифовски е нов тренер на Беласица

Следно

„Шпигел“ за посетата на Шолц на Балканот: Најсветлата точка – воениот оркестар во Скопје!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian