Лидија Поповиќ е поранешна девојка на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, успешен диџеј и убавица која наводно зема 30.000 евра за настапи.
Лидија била во врска со Новак пред повеќе од 10 години, пред тој да почне да се забавува со сегашната сопруга Јелена, а неодамна откри како ја памети врската со Ѓоковиќ.
„Новак е прекрасен во секоја смисла на зборот. Она што го имавме останува во далечното минато, а јас за него имам само пофални зборови“, рекла таа своевремено и додала: „Нашите патишта се разделија, нема ништо лошо во тоа, а сега не се слушаме. Секој има своја кариера, нон-стоп сме на нозе, но јас секако со задоволство се сеќавам на тој период, сакам да паметам убави работи“.
Лидија неодамна беше прогласена за најдобар диџеј во Србија, а на нејзиниот Инстаграм се појави фотографија со познатиот боксер Конор Мекгрегор:
Лидија на социјалните мрежи објавува фотографии од настапот, но и оние во бикини, поради што нејзините следбеници ја споредуваат со најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан, како и со латино дивата Џенифер Лопез.